Македонија наредниот период би можела да го добие еден од најголемите трансфери во историјата, ако се реализира преселбата на 16-годишниот Матеј Николов во шпанскиот и европски гигант Атлетико Мадрид.
Матеј Николов, кој игра на левокрилната офанзивна позиција, изминативе месец бил под „окото“ на скаутинг службата на Атлетико, каде мина и во кампот на тимот од Мадрид минатиот месец максимално воодушевувајќи ги Шпанците.
Според интерните информации на шпанскиот гигант младиот македонски фудбалер импресионирал за време на тренинг-кампот но и одиграните пријателски натпревари за Шпанците, поради што активиран е сериозен интерес за негов ангажман.
Николов е дел од тимот до 17 години на Вардар, но интересно изминатава година воопшто не беше скаутиран за место во првиот тим на „црвено-црните“ иако со предиспозиции и потенцијал, без сомнение, и за настап во прволигашкото друштво, за што потврда се токму скаутинг анализите на Атлетико Мадрид.
Но, вистински зачудувачки е што изминатава година, Николов воопшто не беше постојано селектиран ниту во домашните младински селекции. Во неколку наврати изминативе девет месеци воопшто не доби повик за настап ниту во селекцијата до 16 години, ниту во репрезентацијата до 17 години, а добива потврда за своите квалитети од тим како Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
