„Бомбите“ од Перез немаат крај: Гути е морон, а Фиго е ку*вин син!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и понатаму го привлекува вниманието на светската јавност, откако продолжи објавувањето на неговите тајно снимени разговори во кои ги навредува фудбалерите и тренерите на „кралевите“.

Перез во последно објавените „бомби“, без влакно на јазикот ги напаѓа поранешните ѕвезди на овој тим, Гути и Фиго.

„Шокиран сум колку Калдерон се излажа со Гути и тоа само затоа што овој одигра два добри меча. Гути е морон. Тој е како коза, самиот себе си е најголем непријател“, вели Перес во една од снимките снимка.

Од навредите на Перез не биле поштедени ниту најголемите ѕвезди, па ни Луис Фиго, кој беше прогласен за најголем предавник на Барселона, откако реши директно од редовите на каталонскиот гигант да потпише за Реал Мадрид. Откако во 2006 година си замина од Реал, Перез го обвини токму Португалецот.

„Фиго е тој кој ја зае*а екипата. Најдобар беше Зидан, тука нема дилеми. Фиго беше ку*вин син, исто како што беше и Раул. Тие двајца беа најлошите во екипата“, се слуша како зборува Перез.

Аудио снимките ги објавува новинар на „Ел Конфедентиал“, кој пред да почне со тоа се обидел да ја уцени управата на Реал Мадрид за сума од 10 милиони евра.

Се вчитува...