Бонер пред дебито за Македонија: Одлично сум прифатена, сите сакаат да напредуваат

Девана Бонер дефинитивно е најдобрата кошаркарка што некогаш го облекла дресот на македонската репрезентација. Искусната 33-годишна Американка зад себе има извонредна сезона во WNBA, каде во просек постигнуваше по 19,7 поени и 7,8 скокови по натпревари. Нашите кошаркарки ги почнаа квалификациите со два убедливи порази од Германија и од Летонија, но јасно е дека со Бонер во тимот македонската селекција ќе биде многу поконкурентна на турнирот во Рига.

„Имав неколку тренинзи со тимот, прво во Охрид, сега и тука во Рига, па се надевам дека тоа ќе помогне да бидам подготвена за натпреварите. Ова е првпат да се сретнам со тимот и со тренерите. Но сакам да истакнам дека сите се навистина пријатни и со нетрпение очекувам да дознаам уште повеќе за нив. Девојките се навистина млади! Тие работат навистина напорно и сакаат да бидат подобри и да победат… Среќна сум што сум со нив во тимот“- истакнува Бонер пред своето деби за македонскиот национален тим.

Македонија утре ќе се сретне со селекцијата во Хрватска, а за сабота е закажан дуелот со Германија.

„Искрено, не знам многу за Хрватска или Германија. Но се надеваме дека можеме да се натпреваруваме со нив и да победиме“- оптимистички е расположена Девана Бонер.

Се вчитува...