Играчкиот ремонт во Партизан е се поголем откако денеска и Исак Бонга реши да ги напушти белградските „црно-бели“ една година пред истекот на договорот.
Германскиот репрезентативец имаше уште седум дена да ја активира клаузулата за предвремен раскин, за што требаше да плати 700.000 евра, опција што Бонга ја искористи за од денеска да биде слободен играч на пазарот.
„Бонга го напушта Партизан по две сезони, репрезентативецот на Германија го извести клубот дека ќе ја искористи излезната клаузула и ќе плати 700.000 евра за преселба во друг евролигашки клуб. Ти благодариме и ти посакуваме многу среќа во натамошната кариера“, објави КК Партизан.
Останува да се види каде одличниот крилен кошаркар ќе ја продолжи кариерата, Жељко Обрадовиќ сака да го доведе кај себе во Панатинаикос, Барселона исто така е во преговори за неговиот потпис, а во трката се вклучи и Реал Мадрид откако Лајлс во текот на вчерашниот ден го напушти „кралскиот клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
