Боно: Не сум навикнат, не знаев како да го прославам голот (ВИДЕО)

Голманот на Севилја, Боно, призна дека не знаел како да го прослави голот што го постигна против тимот на Ваљадолид за 1-1 на самиот крај на синоќешниот дуел во Ла Лига.

Боно не ги криеше емоциите, издвојувајќи дека овој магичен натпревар дефинитивно ќе остави длабок траг во неговата кариера.

„Неверојатно е, многу е тешко да се опише чувството, не знаев како да го прославам голот. Јас ја работам својата работа на голот и многу е чудно да се биде во противничкиот шеснаесетник. Погледнав во тренерот, тој ми рече да одам во шеснаесетникот. Ми се укажа шанса и ја искористив, благодарен сум за оваа прилика, успеав да постигнам гол и да помогнам на мојот тим. Тоа беше тежок натпревар, беше доста ветровито и не можеше да се игра вистински фудбал. Пеналот за нив малку не погоди, но се собравме во второто полувреме и изедначивме. Се враќаме во формата што ја изгубивме малку во последно време“ – вели 29-годишниот Боно.

Инаку, ова е втор гол на голман кој оваа сезона успеа да се запише како стрелец во Ла Лига, откако српскиот голман Марко Дмитровиќ постигна гол од пенал за Еибар против Атлетико Мадрид во јануари.

Се вчитува...