Бонучи: Барса сега е послаба отколку пред две сезони

Леонардо Бонучи е оптимист дека Јувентус ќе успее да ја совлада Барселона и да му се одмазди на каталонскиот гигант за поразот во големото финале во ЛШ пред две сезони. Дефанзивецот уште еднаш потенцираше колку е тешко да се запрат Меси, Нејмар и Суарез, но смета дека и Јуве има свои силни адути во Игуаин и Дибала.

Имав среќа, или подобро речено несреќа, да играм против Барселона во финалето во 2015 година. Успеавме да ги запреме, колку што беше тоа возможно, но Меси, Нејмар и Суарез сепак се тројца од десетте најдобри фудбалери во светот во моментов. Имаат премногу талент во своите редови, крајно се непредвидливи, а сега Меси игра нешто поповлечено, што го прави уште поопасен. Како и да е, мислам дека Барселона во моментов е послаба отколку пред две сезони, а ние сме посилни бидејќи сега во своите редови ги имаме и Игуаин и Дубала. Ова ќе бидат два интересни меча, a нашата одбрана мора да биде на висина на задачата“ – изјави Бонучи.

Првиот натпревар од двомечот меѓу Јувентус и Барселона ќе се игра утре со почеток во 20.45 часот во Торино.

  

Се вчитува...