Бонучи доби свирежи на „Сан Сиро“: „Идиоти…!“

Италија и покрај доминацијата остана без победа, ремизирајќи без голови со Португалија на „Сан Сиро“, во Лигата на нациите.

„Сакавме да бидеме најдобри, имавме одлично прво полувреме и неколку шанси. По полувремето, Португалија тактички промени неколку нешта и успеа да ги блокира нашите креативни центри. Мораше малку да бидеме поодлучни во нападот“ – истакна по натпреварот стоперот на Италија, Леонардо Бонучи.

Не можеше а да не ги прокоментира сите оние кои во Милано ја искористија можноста да испратат свирежи кон него, а сето тоа поради тоа што по само една сезона се одлучи да ги напушти „росонерите“ и да се врати во Јувентус.

„Секогаш постојат идиоти. Ја имам довербата од моите соиграчи и тренерот, и тоа ми е најважно“ – истакна Бонучи.

Се вчитува...