Бонучи: Го освоивме „скудетото“, разочаравме во ЛШ

Јувентус важеше за фаворит во осминафиналниот дуел против Лион во Лигата на шампионите, но, сепак, доживеа елиминација од францускиот тим. По поразот од 1-0 во Франција, „старата дама“ победи само со 2-1 во Торино. Голот што Лион го постигна во гости беше клучен за пласманот во четвртфиналето од елитното европско клупско натпреварување,

Капитенот Леонардо Бонучи вели дека тој и соиграчите се разочарани, затоа што создадоа многу шанси, но пресуди пеналот што во гол го претвори Мемфис Депај уште во 12.минута од мечот.

„Ова е големо разочарување и за нас и за навивачите. Примивме гол од пенал на самиот почеток, тоа малку не исфрли од ритам, но се боревме до крајот, создадовме многу шанси и за жал, не успеавме. Го освоивме „скудетото“, но разочаравме во Лигата на шампионите. Некогаш само два сантиметри решаваат, дали топката е вантре или надвор, дали ќе биде гол или не. Тие погодија на почетокот и тоа беше решавачко“, изјави Леонардо Бонучи по елининацијата на Јувентус.

 

 

Се вчитува...