Бонучи: Ме бараше и Реал, но јас знам зошто се вратив назад во Јуве

Леонардо Бонучи ја разбранува италијанската јавност со одлуката да го напушти Јувентус за трансфер во Милан, па токму затоа огромно изненадување донесе и неговото враќање назад во „старата дама“ неполни 12 месеци по заминувањето во Торино. Италијанскиот репрезентативец во изјава за шпанскиот весник „Ас“ обелодени дека минатото лето имал и понуда за преселба во Реал Мадрид, но на крајот го избрал Јувентус, поради една посебна причина – Кристијано Роналдо.

„Кога дојде Роналдо, најдобриот играч во светот, стана јасно дека нивото на Јуве се крена, со самото тоа и шансите да се стигне до сонот – трофејот во Лигата на шампионите. Со овој трансфер на сериозниот доби и целокупниот италијански фудбал, а згора на тоа Кристијано покажува дека е извонреден професионалец, не ѕвезда што живее на стара слава. Кога тој потпиша јас се уште бев играч на Милан и не бев среќен, но кога се укажа и најмала шанса за враќање во Јуве, решив да ја искористам. Имав и понуда од Реал, но Јувентус беше мојата желба, да се вратам назад и да се обидам со помош на Роналдо да стигнам до титулата во ЛШ“ – изјави Бонучи.

Јувентус утре го игра првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, на гостински терен против Атлетико Мадрид.

Се вчитува...