Бонучи: Се срамам … им се извинувам на фановите на Јувентус!

Јувентус и оваа сезона се соочи со рана елиминација од Лигата на шампионите, „старата дама“ најелитното европско натпреварување уште еднаш го заврши осминафиналето, трета година во низа. Тимот од Торино доживеа убедлив пораз од Виљареал на домашен терен (0-3).

Леонардо Бонучи кој поради повреда не беше во составот на Јувентус за овој дуел утрово испрати извинување до навивачите.

„Поминувајќи ги ваквите натпревари однадвор ми овозможува да разберам како размислуваат нашите фанови за ваквите ноќи. Се срамам, но извинувањето е единствено нешто кое можеме да го направиме сега. Разочарувањето и фрустрацијата мораме да ги претвориме во лутина и да ги оствариме целите кои ни останаа“, порача Бонучи.

 

 

Се вчитува...