Бонучи: Трипати бев на чекор да заминам во Манчестер Сити

Стоперот на Јувентус, Леонардо Бонучи откри дека три пати во својата кариера бил блиску до трансфер во редовите на Манчестер Сити. Првиот во 2016 година, а потоа и во 2017 година кога заврши во тимот на Милан, како и претходната година.

Покрај тоа стандардниот репрезентативец на Италија откри дека неговиот сон е да биде предводен од Пеп Гвардиола, нешто што досеа не му се исполни.

„Сон ми е да бидам трениран од страна на Пеп. Најблиску до тоа бев во 2016 година и за „влакно“ не преминав во Манчестер Сити. Трансферот пропадна при самиот крај бидејќи Јувентус не дозволи да заминам. Одлучивме да останеме заедно. Потоа имаше уште една шанса во 2017 година, но го имав дадено зборот на Милан. Претходната година повторно зборев во Пеп, но му реков ‘Јувентус е мојот дом. Среќен сум тука’. Сакав да се оддолжам за преминот во Милан“, изјави Бонучи.

Се вчитува...