Бонучи веќе не е „недопирлив“, може да си замине од Јувентус

Леонардо Бонучи минатото лето ја покажа својата лојалност кон Јувентус, одбивајќи неколку фантастични понуди за да остане член на „старата дама“. Во меѓувреме тој потпиша и нов договор со „црно-белите“ од Торино, но лесно може да се случи по завршувањето на сезонава да си замине од Јуве. Причина за ова е караницата што одличниот дефанзивец ја имаше со тренерот Алегри, со која сериозно ја нарушил атмосферата во екипата.

Тој беше казнет парично, воедно и мечот со Порто го следеше од трибините, па иако страстите навидум се смирени, челниците на Јувентус се уште се разочарани од односот на фудбалерот кој важи за еден од лидерите на оваа екипа, заедно со Буфон и Маркизио. Последните информации од Италија велат дека не само што Бонучи веќе не е „недопирлив“, туку Јувентус ќе се обиде да го продаде и добро да заработи, со оглед на фактот дека италијанскиот репрезентативец во мај ќе наполни 30 години, па се очекува во наредните години неговата вредност на пазарот да почне да паѓа.

Јуве ќе бара намалку 60 милиони евра за својот ас, сума што нема да биде проблем за Челси, Манчестер сити, но и за Барселона, три клуба што и минатото лето искажаа сериозен интерес за да го доведат Бонучи во своите редови.

Се вчитува...