Борац Чачак е потенцијален ривал на ТФТ за влез во АБА1

ТФТ во среда навечер ќе се обиде да израмни против ТФТ во финалната серија од АБА2 лигата, но дури и доколку тоа не се случи – скопскиот клуб ќе има нова шанса за влез во елитата – како вицешампион на АБА2 играјќи бараж со претпоследниот тим од АБА1 лигата.

А таму избраниците на Боро Смилковски ќе ги очекуваат пресметки со Борац Чачак, откако стана јасно дека овој српски клуб ќе биде претпоследен во елитното регионално друштво.

Имено, Студентски Центар вечерва славеше на домашен терен над Задар со 73-59, со што црногорскиот тим го прескокна Борац и веќе нема никакви дилеми дека тимот од Чачак како претпоследен ќе мора да игра бараж.

Оваа екипа има скор 8-18 (Задар има 9-17), па Борац ќе мора преку бараж да се бори за опстанок, против поразениот од финалната серија ТФТ – Широки бријег.

Се вчитува...