Борба за живот на трка во Аргентина: Возач гореше жив, колега херојски го спаси (ВИДЕО)

Во Аргентина се случи вистинска драма, а истата предизвика паника и страв кај возачите – учесници. Имено, за време на пробниот круг на трката за „Санта Фе ТЦ2000“ шампионатот во Аргентина на стазата „Маркос Хуарез“, се случи тешка несреќа на еден од возачите, кога автомобилот му се запали по удар во заштитниот ѕид.

Несреќниот Тестасек доби изгореници, но не е во животна опасност, исклучиво благодарение на брзата реакција на останатите возачи.

Станува збор за Херман Тестасек, кој успеа да ја „измами“ смртта благодарение на својот колега, Франко Санчез. До несреќата дојде по колизија на два автомобили, по што едниот заврши во пламен. Возачот Санчез кога виде дека гори автомобилот на колегата, се стрча да му помогне и да го извлече од оганот.

 

 

Се вчитува...