Борбата за титула во Шпанија станува интересна – Севилја го зеде скалпот на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Севилја го совлада Атлетико Мадрид со 1-0 во дерби натпреварот од 29. коло во шпанска Ла лига. Домаќините може само да жалат што триумфот не беше убедлив бидејќи уште во 8. минута Јан Облак го сопре ударот од пенал на Окампос.

Сепак и покрај големиот број неискористени шанси Севилја успеа да стигне до три бода со голот на Акуња во 70. минута.

Алтетико и покрај поразот останува на врвот на табелата со 63 бода, односно три повеќе од градскиот ривал Реал Мадрид и четири повеќе од Барселона која утре против Валјадолид треба да го одигра својот натпревар од оваа рунда.

 

 

 

 

Се вчитува...