Борец и Гостивар во предбараж за Првата лига (16.30 ч.)

Второпласираните екипи од двете Втори лиги, Борец и Гостивар, денеска (16.30 часот) на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот ќе имаат директна пресметка со прволигашки амбиции. Во дуел што ќе одлучи кој ќе и се спротивстави на Победа во баражот за пласман во Првата лига, велешани и гостиварци влегуваат со подеднакви шанси. Нема место за поправен испит, бидејќи само победникот ги продолжува надежите за учество во елитата следната сезона.

Фудбалерите на Борец во последен момент обезбедија место во предбаражот, откако ја добија ‘битката’ со Брегалница на Истокот. Гостивар исто така беше во тесна трка со Велазерими, и успеа да стигне до третата позиција.

Се вчитува...