Второлигашот Борец ќе биде противникот на Победа во бараж натпреварот за пополнување на Првата лига, меч кој ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица на 3 јуни. По изведување пенали, фудбалерите на Борец, успеаја да слават со 5-4, откако во регуларниот тек мечот што се одигра на комплексот на ФФМ, заврши без голови.
Илирид Адеми не успеа да реализира уште на стартот, откако голманот на Борец, Микица Ѓоргиевски го одбрани неговиот удар, а Роберт Коцев го доведе велешкиот тим во водство. Потоа, сите фудбалери до крајот на петтата серија реализираа, а со погодокот на Ѓорѓи Ѓорѓиев, Борец стигна до триумф од 5-4, на пенали. Голманот на Гостивар, Јасир Бајрами, не успеа да одбрани ниту еден удар од 11 метри.
Очигледно дека важноста на дуелот на двете второпласирани екипи од Истокот и од Западот си го стори своето, па мрежите не се тресеа во 90 минути. Но, победникот, сепак, мораше да биде одлучен по изведување на пенали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА