Борец се засили со дефанзивците Стојкоски и Ричков

За продолжението од сезоната во која ќе брка влез во Првата лига, велешки Борец се засили со дефанзивците со прволигашко искуство Трајче Стојкоски и Андреј Ричков.

Стојкоски доаѓа од Македонија ЃП, додека Ричков во Велес се сели по минатосезонските настапи за Скопје.

За утрешниот натпревар со Брегалница во тимот на Борец се враќа и офанзивецот Кудијан кој претходно паузираше поради црвен картон уште од баражот со прилепска Победа. Во комбинација за настап ќе бидат и младите репрезентативци Марко Ѓоргиевски и Бојан Колески.

Се вчитува...