Борец се засили со Симеон Христов, Димков и Мустафа

Во желбата за комплетирање на составот за престојната второлигашка сезона, Борец од Велес се засили со три нови имиња кои треба да го освежат во иднина тимот на Горазд Михајлов.

Велешани ќе бидат во нападот засилени со поранешниот офанзивец на Вардар, Симеон Христов а нови имиња се и Виктор Димков, кој доаѓа од младинската школа на Вардар, како и досегашниот голман на Шкупи, Бурхан Мустафа.

Борец Велес во голема мера ќе го задржи костурот од минатата сезона. Од клубот единствено заминаа Марко Ѓоргиевски, Оливер Стојменовски и голманот Микица Ѓоргиевски.

Првиот тест за велешани ќе биде утре против Вардар Неготино, а на 21. јули е закажан тест дуел со Кожуф од Гевгелија.

Се вчитува...