Борко: Димевски работи против спортот, а јас се борам против криминалот во спортот

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски и голманот Борко Ристовски вечерва се гости во „Топ тема“ на Телма телевзија во која дебатираат околу одлуката на Македонскиот олимписки комитет да биде суспендиран долгогодишниот ракометен голман.

Борко Ристовски вели дека Димевски работи против спортот, а тој е тука за спортот во Македонија.

„Тој работи против спортот, јас се борам да нема криминал во спортот. Првата лага, во старт да му ја демантирам, е дека тој рече оти сум настапувал во емисија како претседател на Комисија за спорт, што апсолутно не е точно. Имате и потврда од Алфа ТВ на која што пишува „на 02.03.2023 година, во емисијата „За или против“ гостуваше Борко Ристовски кој беше повикан во својство на врвен спортист, што беше потенцирано и во најавата и неколку пати во текот на емисијата“. Јас таму настапував во име на Борко Ристовски, како што настапувам и сега во име на Борко Ристовски, во име на спортист кој настапувал во преку 200 натпревари за Македонија, и како спортист кој има преку 15 години интернационална кариера“, изјави Ристовски. 

Се вчитува...