Борко му ја подари наградата за најдобар голман на Чаневски

Борко Ристовски ја доби наградата за најдобар голман на овој завршен турнир, но долгогодишниот репрезентативец реши веднаш признанието да му го додели на Градимир Чаневски.

Капитенот на Еурофарм Пелистер бранеше извонредно откако го замени Хендави и даде значаен придонес во резултатскиот камбек на битолчани, па Ристовски реши да му ја врачи наградата што најпрвин му беше дадена нему.

„Мислам дека влеговме со преголем респект кон Вардар и тоа создаде голема предност на противникот во првото полувреме. Не успеавме да се вративме во вториот дел и покрај преголемиот напор од наша страна. Пресуди нивното искуство, имаат повеќе вакви натпревари, им честитам на заслужената победа. Ние сме клуб што е во раст и верувам дека најдобрите резултати на Еурофарм Пелистер допрва ќе следат“, изјави Чаневски по финалето.

Се вчитува...