Борко: Ова е брука, жал ми е што легенди како Перо, Тоше и Наумче се дел од сценариото

Долгогодишниот ракометен репрезентативец на Македонија, Борко Ристовски, отворено ги критикуваше случувањата на денешното Изборно Собрание на МОК. Даниел Димевски се наоѓа пред промоција, но Ристовски потенцираше дека неговиот избор нема да биде легитимен бидејќи и тој самиот не ги исполнувал условите за кандидат.

„Чест ми е што сум во просторија со успешни спортски работници. Чест ми е што легенди како Перо и Тоше се тука. Јас сум само гостин и затоа ќе се извинам за моето излагање. Искрено мислам и Тупурковски и генералниот секретар и директорот, не заслужува Македонија ваков избор. Немате ни половина од овие луѓе и да дозволите да бидете избрани е брука за спортот и за вас како спортски работник. Немам ништо лично против вас, туку против тоа што го претставувате во спортот. Вие велите Зикова не ги исполнува условите, а ја имам инфо дека и вие не ги исполнувате, девет години бевте претседател од кои само три активен. Ќе се видиме каде сакате да разговарраме за ова со докази. Барам да има ново собрание на кое ќе присуствуваат сите федерации. Мене ми е искрено жал што легенди како Тоше, Перо и Наумче се дел од цело сценарио. Се надевам дека сите ќе застанат зад спортот, а не зад политиката. Јас се залагам за спорт на спортисти не ми интересира никаква политика“, изјави Ристовски, предизвикувајќи бурни реакции кај дел од присутните.

Се вчитува...