Борко Ристовски со Бенфика го освои португалскиот Супер Куп

Борко Ристовски со Бенфика го освои португалскиот Супер Куп и првата титула во новата сезона. Во лисабонската пресметка за пехарот, Бенфика го победи актуелниот шампион Спортинг со 29-24.

Македонскиот голман беше во стартниот состав на Бенфика, натпреварот за титулата го заврши со 15 одбрани и беше еден од најзаслужните за првата голема победа на стартот од новата сезона.

За прв официјален натпревар одигравме многу квалитетно, како во одбраната така и во нападот. Спортинг беше фаворит пред натпреварот, меѓутоа ние покажавме дека сезонава сме подготвени да одиме на титула и во првенството. Имавме контрола на натпреварот од самиот почеток и не дозволивме Спортинг во ниеден момент да ни се доближи резултатски. Впечатоците се многу позитивни како од Лисабон, така и од Бенфика и се надевам дека во иднина ќе го подигнеме нивото на игра уште повеќе“ – изјави Борко Ристовски за ЕКИПА.

Бенфика е актуелен освојувач на Купот на Португалија и победник во португалскиот Супер Куп. Лисабонскиот тим во новата сезона влегува со амбиции да ја освои и шампионската титула, а Ристовски е капиталното засилување што треба да им помогне во остварување на целта.

Макеоднскиот репрезентативен голман по две сезони поминати во Барселона летово се пресели во Лисабон и кариерата ја продолжува во дресот на Бенфика.

Се вчитува...