Борко Ристовски во елемент во победата на Бенфика

Македонскиот репрезентативец Борко Ристовски ја предводеше екипата на Бенфика во триумфот на домашен терен против Брага со 32-26, во натпреварот од 9.коло во шампионатот на Португалија.

Лисабонскиот тим ја оправда фаворитската улога во овој дуел и со осмата победа сезонава се изедначи со Порто на врвот на табелата.

Ристовски забележа 13 одбрани на овој дуел и беше еден од најзаслужните во триумфот на Бенфика.

Се вчитува...