Борко Ристовски: Во „северна вукојe*ина“ се е можно, допрва ќе плачете, криминалци“

Македонскиот Олимписки Комитет го казни Борко Ристовски со четиригодишна суспензија поради клеветите кон првиот човек на МОК, Даниел Димевски. Причината се навредите на негова адреса за време на гостување на една македонска телевизија што станува збор за прекршување на член 17 од Дисциплинскиот правилник.

Набргу по казната се огласи и долгогодишниот ракометен репрезентативец кој најави расчистување на случајот на прес-конференција во наредните денови, а на социјалната мрежа „Инстаграм“ напиша:

„Во „северна вукојe*ина“ се е можно, ама не со мене. Допрва ќе плачете, криминалци“

Се вчитува...