Борусија Д. и Салцбург си подадоа рака за трансфер на Адејеми

Напаѓачот на Салцбург, Карим Адејеми е блиску до промоција во Борусија Дортмунд. Германскиот репрезентативец би требало за 35 милиони евра да се пресели во таборот на „милионерите“, а според германските медиуми двете страни ја договориле и платата на  играчот.

Според најавите, Адејеми на „Вестфален“ ќе заработува пет милиони евра годишно. Тој ќе треба да биде замена за Ерлинд Халанд кој е пред трансфер во Манчестер Сити за 75 милиони евра.

Сагата на Адејеми трае веќе со месеци и деновиве треба да биде објавен за нов играч на Борусија, а за него беше заинтересирана и Барселона. Борусија претходно го објави трансферот на Никлас Зиле од Баерн Минхен.

Се вчитува...