Борусија Дортмунд без клучен фудбалер на мечот против Баерн

Баерн Минхен вчера испадна од Лигата на шампионите, и сега на „Баварците“ им останува да се фокусираат кон освојување на шампионатот. Можеби клучен ќе биде натпреварот со Борусија Дортмунд, кој се игра на 23. април во Минхен.

На „Баварците“ им ја олеснува работата фактот што покрај домашниот терен, ќе се соочат со противник кој има проблеми со повредени играчи. Така „милионерите“ нема да може да сметаат на услугите на стоперот Матс Хумелс, кој е еден од клучните во одбраната на Борусија. Исто така „жолто-црните“ не сметаат на Џовани Рејна, кој ќе паузира до крајот на сезоната.

Исто така се очекуваат и резултатите од прегледите на Махмуд Дахуд, кој го напушти теренот на последниот дуел со Штутгарт.

Баерн во моментов има предност од девет бода пред „милионерите“. Борусија Дортмунд не искористи неколку кикса на противникот, особено во пролетиот дел да се доближи и да го направи првенството поинтересно.

Се вчитува...