Борусија Дортмунд го избрка главниот физиотерапевт поради многуте повреди

Борусија Дортмунд оваа сезона никако не можеше да склопи еден цел тим. Во текот на натпреварите во Бундеслигата и Лигата на шампионите, тимот на „милионерите“ имаше многу повреди на играчите. Екипата од Дортмунд виновникот во ваквата ситуација го најде во главниот физиотерапевт Томат Цетцман, кој по завршувањето на сезоната ќе си замине од екипата.

Немаше кој немаше повреди оваа сезона кај „милионерите“, а во изминатиот период можеби најтешка беше ситуацијата со Ерлинг Халанд кој отсуствуваше неколку меча од терените. Претходно повредени беа и Торган Азар, Емре Џан, Матс Хумелс, Дан Аксел Загаду, па едно време Дортмунд остана и без бекови, по што тренерот Розе мораше да експериментира да става стопери или крила на бековските позиции.

Борусија Дортмунд е елиминиран од Лигата на шампионите во групната фаза, а потоа стигна и елиминација од Лигата на Европа од Глазгов Ренџерс. Беше изсфрлен од Купот од второлигашот Сент Паули, а далеку е и од титулата во Германија, со оглед дека заостанува девет бодови зад Баерн Минхен.

Се вчитува...