Борусија Дортмунд и „Пума“ подлегнаа на притисокот на навивачите: Признаваме дека згрешивме, ве молиме извините!

Во средата Борусија Дортмунд беше домаќин на Бешикташ на отворањето на Лигата на шампионите, и славеше со 2-1. Головите за гостите од Дортмунд ги постигнаа Белингем и Ерлинг Халанд, па во германскиот тим можат да бидат многу среќни како го започнаа елитното натпреварување. Навивачите се среќни со победата, но ја изразија својата лутина поради дресовите што ги носат играчите на нивниот тим.

Имено, „Пума“ го дизајнираше третиот дрес на Борусија така што грбот на клубот е речиси незабележлив, додека логото на компанијата која произведува спортска опрема е многу истакнато. Едно време, Борусија ги увери фановите велејќи дека „протечениот модел нема да биде како што изгледа на сликите, бидете трпеливи“, но е токму таков и навивачите го видоа тоа во средата во Истанбул.

„Дресот секогаш може да го поларизира мислењето, но критиките на навивачите ги сфаќаме многу сериозно“, рече генералниот директор на Борусија, Карстен Крамер, додека извршниот директор на „Пума“, Бјорн Гулден, рече дека ги прифаќаат критиките и се извинуваат за пропустот. „Жал ни е за нивниот гнев и би сакале да им се извиниме. Ги сфативме сериозно сите коментари и ќе ги земеме предвид за идните дресови”, рече Гулден.

Инаку, овој трет дрес на Борусија чини 84,99 евра без презиме, додека, на пример, со презимето на Халанд, Ројс или некоја друга ѕвезда на Борусија, цената на дресот е 97,12 евра.

Се вчитува...