Борусија Дортмунд не греши два пати: Го „размонтира“ Ајнтрахт за лидерско место во Бундеслигата (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд се врати после шокантното „реми“ од Штутгарт, и вечерва на свој терен го победи Ајнтрахт Франкфурт со убедливи 4-0 и се искачи на лидерското место во Бундеслигата откако Баерн Минхен загуби од Мајнц.

Борусија Дортмунд победникот во голема мера го реши во првиот дел кога погодија Белингем, Мален и Хумелс. Во вториот дел Мален со втор гол зголеми на 4-0, и така ја запечати победата.

„Милионерите“ имаа шанси и за поубедлив триумф, а не ја повторија грешката од дуелот со Штутгарт, кога по водството до 0-2 и играч повеќе, Терзиќ се реши да стави некои млади момци, со што „швабите“ успеаја да се вратат и така да „украдат“ бод.

Се вчитува...