Борусија Дортмунд пркоси на тероризмот: Го скршивте автобусот? – Имаме нов!

Автобусот на Борусија Дортмунд синоќа беше цел на бомбашки напад, при што е повреден Марк Бартра, а мечот со Монако од Лигата на шампионите беше одложен за денеска, со почеток во 18.45 часот. Очигледно е дека се работи за терористички чин, но германскиот бундеслигаш продолжува со своите активности и за денешниот дуел фудбалерите ќе имаат нов клупски автобус.

„Го скршивте автобусот? – Имаме нов“, порачаа од Борусија Дортмунд.

Фудбалерите синоќа спиеја во своите домови, но во 9 часот наутро пристигнаа во клупската база, а потоа со новиот клупски автобус ќе се упатат на стадионот „Сигнал Идуна парк“, на мечот против Монако кој ќе започне во 18.45 часот.

Се вчитува...