Карим Адејеми нема да биде замената за Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд, со оглед дека „милионерите“ сакаат да ангажираат нов голгетер. Изборот наводно паднал на првиот голгетер на Ајакс, Себастиен Халер.
Халер има зад себе импресивна сезона. Постигнуваше голови на секој натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, меѓу кои и против Борусија Дортмунд, а заврши и како прв стрелец во првенството на Холандија.
Голгетерот кој настапува за Брегот на Слоновата коска со тоа би се вратил во Германија, каде настапуваше две години од 2017 до 2019 година во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.
Халанд направи трансфер во Сити за 60 милиони евра, со кој се очекува да стане најплатен во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА