Борусија Дортмунд во шок: Стигнала сметка од 10 милиони за струја

Челниците на Борусија Дортмунд останале шокирани и во неверување откако стигнала новата сметка за струја. „Милионерите“ ќе мора да платат 2,5 пати поскапа струја за разлика од минатиот месец. Новата сметка изнесува 10 милиони евра, и огромна е разликата во однос на минатиот месец кога платиле 4 милиони.

Струјата во Германија драстично поскапе, а се очекува да има недостаток на гас престојната зима. Поради високата сметка, Борусија Дортмунд веќе презеде драстични мерки. Клубот одлучи навечер стадионот да биде целосно во мрак, а да не свети ниту клупското лого. Ќе се намали и користењето на реглекторите, а ќе биде исклучено греењето и осветлувањето на тревникот. Фрижидерите во кујните ќе бидат вклучени само за време на натпреварот.

Поради кризата, и други тимови од Германија веќе презедоа мерки за заштеда на енергија. Второлигашот Нирнберг донесе одлука да ги игра домашните натпревари само преку ден, односно да не ги пушта рефлекторите. Тоа може да влијае и на публиката, со оглед дека голем дел сакаат да гледаат натпревари во вечерен термин.

Се вчитува...