Наследникот на Халанд во Дортмунд доаѓа од Ајакс?

Мала е веројатноста дека Борусија Дортмунд ќе успее да го задржи новершкото „чудо од дете“, Ерлинг Халанд во своите редови и по следното лето. 21-годишникот има откупна клаузула во договорот со дортмундскиот тим која нема да биде проблем за богатите клубови како Реал Марид, Челси, Манчестер Сити… па со таа цел Борусија веќе ја започна потрагата по неговиот наследник.

Како прва опција се споменува 19-годишникот на Салцбург, Карим Адејеми, но доколку Борусија не успее да го ангажира младиот германски репрезентативец ќе тргне по потписот на Себастијан Халер.

Халер кој во 2020 година оствари трансфер во редовите на Вест Хем не се прослави на „Островот“ па по само година и шест месеци ја промени средината и замина во Ајакс каде го исполнува својот потенцијал. Искусниот 29-годишен голгетер досега забележа 34 настапи при кои забележа 23 гола и 9 асистенции за клубот од Амстердам.

Сепак ниту Ајакс нема намера лесно да се откаже од својот фудбалер кој за разлика од Халанд нема откупна клаузула.

„Не ги знам плановите на Дортмунд. Според класата која ја поседува Халер нема сомнеж дека може да биде интересен за еден таков клуб. Но, она што можам да го тврдам е дека тоа ќе биде скапа операција за нив“, изјави Ерик тен Хаг.

Се вчитува...