Борусија не се ни испоти за триумф над Хамбургер

Борусија Дортмунд ја стартуваше новата сезона со рутинска победа откако „милионерите“ на домашен терен без мака стигнаа до победа од 2-0 над Хамбургер.

Во прилог на Нико Ковач и неговите избраници одеше фактот дека домашниот тим ја искористи својата прва шанса на мечот во 9. минута, кога Гираси мајсторски се снајде и ја смести топката во мрежата.

Дилемите околу победникот беа разрешени пред самиот крај на првото полувреме, кога Kонстантелиас не шутираше најдобро, но топката го закачи Борнаув и заврши во мрежата.

За одбележување е дека „милионерите“ последните 15 минути ги одиграа со фудбалер помалку, по директниот црвен картон што му беше покажан на Инасио.

Се вчитува...