Борусија објави жална вест: Почина навивач кому му се слошило на мечот со Баер Леверкузен

Борусија Дортмунд објави вест дека навивач кој бил на трибините на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ за време на дербито со Баер Леверкузен, починал во болница после два дена борба со живот.

На фанот му се слошило и му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во болница, но ја загубил битката.

„Со големо разочарување, Борусија Дортмунд дозна дека навивачот на нашиот тим, кој доби итна медицинска помош на стадионот минатата сабота, починал. Во овие тешки мигови, мислите на Борусија се со целото семејство, роднините и пријателите“, стои во објавата на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...