Босанецот Џелиловиќ, прв трансфер на Пелистер во „ерата на Червар“

Е. Пелистер и официјално го потврди доаѓањето на Лино Червар за тренер за наредната сезона, а хрватскиот стратег ќе има целосна слобода при изборот на засилувања за играчкиот кадар.

Првиот нов трансфер беше официјално потврден попладнево, откако битолчани се пофалија со ангажманот на 23-годишниот Едвин Џелиловиќ, ракометар од БиХ кој доаѓа како замена за Радивојевиќ.

„Талентот и квалитетот е неспорен, затоа патиштата ни се спојуваат. Босанскиот интернационалец Едвин Џелиловиќ е нов член на Еурофарм Пелистер. 23-годишното десно крило од Тузла потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер и доаѓа во најракометниот град со големи очекувања.

Џелиловиќ ја надмина средината и со серија на титули со Извиѓач ќе пристигне во Македонија. Покрај за овој клуб кој доминира во шампионатот на БиХ, Џелиловиќ го носеше дресот и на Грачаница. Висок е 189 сантиметри и тежок 81 килограми, а во поселдните години остави траги играјќи во Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп.

Едвин Џелиловиќ ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27 во јули годинава“, објавија „пелистерци“.

Се вчитува...