Босанците го променија терминот за пријателскиот натпревар со Македонија

Македонската фудбалска репрезентација на 29 мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар со Босна и Херцеговина, пред нивното заминување во САД на Мундијалот 2026.

Но, како што информираат денеска од Фудбалската федерација на БиХ, променет е терминот на одигрување на натпрварот.

Пред патувањето во Америка, Босна и Херцеговина ќе одигра пријателски натпревар во Кошево, а противник е Северна Македонија.

„Со согласност на двете федерации, има промена во терминот на пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Македонија. Место претходно планираното време од 18 часот, натпреварот ќе се игра во 20:30 часот. Средбата е закажана за 29 мај 2026 година на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево. Со ова ги известуваме сите навивачи дека купените билети остануваат валидни и дека не е потребно да се прават никакви промени. Им благодариме на јавноста за нивното разбирање“, беше објавено на официјалната веб-страница на ФС БиХ.

Македонија по дуелот со БиХ планира одигрување на уште еден натпревар, а можни противници, иако се уште неофицијално, се Турција и Бахреин.

Се вчитува...