Бошко Ѓуровски: Бевме подобри, судијата ни ја украде титулата!

Поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски остана и без трофејот во Купот на Србија на клупата на Црвена Звезда, откако во финалето со 1-0 загуби од Партизан.

Сепак, Ѓуровски по мечот прстот го насочи кон главниот судија Милорад Мажиќ кој според него е главниот виновник за загубеното финале.

„Бевме подобар тим во текот на целата средба. Може да им честитам на фудбалерите кои останаа без титула само затоа што судијата им ја украде. Но, покажавме со играта дека Црвена Звезда е најдобриот тим во Србија, само што овој пат не можеше ништо против судиите кои очигледно мораа да завршат некаква задача за некого“ – истакна по мечот Ѓуровски.

Од Црвена Звезда се револтирани поради два, според нив, очигледно недосудени пенали, еден во 4. минута и еден во 93. минута.

Раководството на „црвено-белите“ на вонредна прес-конференција уште вечерва истакна дека почнува војна против актуелниот претседател на ФСС, Славиша Кокеза, кој според нив е главниот нарачател на криминалното судење во финалето. Од понеделник Црвена Звезда најави дека ќе почне акција за смена на Кокеза од претседателската функција на ФСС.

Се вчитува...