Бошко Ѓуровски го загуби првиот меч со Ц. Звезда, но избори финале

Македонскиот стратег Бошко Ѓуровски имаше неуспешен старт на кормилото на Црвена Звезда, откако го загуби реванш мечот против Чукарички со 1-2 на домашен терен. Сепак, „црвено-белите“ се пласираа во финалето на Купот, каде ќе го очекуваат подобриот од дуелот меѓу Војводина и Партизан.

Чукарички поведе со 0-2, со голот на Ожеговиќ и автоголот на Милиќ. Во завршницата, Боачи од пенал намали на 1-2, поставувајќи го конечниот резултат на овој меч. Црвена Звезда имаше предност од 4-1 од првиот полуфинален меч, па затоа и се пласира во финалето на Купот на Србија.

Се вчитува...