Поранешниот македонски селектор и легенда на Црвена Звезда, Бошко Ѓуровски, осврнувајќи се на годинашниот настап на Црвена Звезда во Лигата на шампионите, вели дека дека шампионот на Србија не ги исполнил очекувањата во Европа.
„Мора да бидеме реални да кажеме дека, гледајќи го резултатите, Црвена звезда потфрли во Лигата на шампионите. Иако, сите што знаат фудбал видоа дека тимот го одигра најдобриот натпревар во Берн“ – вели екс-македонскиот репрезентативец.
Црвено-белите синоќа беа поразена од Јанг Бојс со 2-0 и ја завршија европската приказна за оваа сезона.
„Не требаше да си дозволи тимот да загуби пет бода од мечевите со Јанг Бојс. Разбирливо е дека јавноста е незадоволна и јас сум незадоволен од конечниот исход. Сепак, секој што знае фудбал виде дека Црвена Звезда во Берн го одигра најдобриот натпревар во Лигата на шампионите. Беа создадени седум колосални шанси, но немаше и среќа. Ако сме реални, Црвена Звезда гледајќи ги сите параметри мораше да победи во Берн“ – дополнува Бошко Ѓуровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА