Босна и Херцеговина добива НБА засилување!

Центарот на Бостон селтикс, Лука Гарза, ќе му биде на располагање на селекторот на Босна и Херцеговина за натпреварите против Турција и Србија.

Селекторот Дарио Ѓерѓа ја потврди веста, додека Гарза не го криеше своето задоволство.

„По разговорот со тренерот, можам да кажам дека ми е чест што имам можност да ја претставувам Босна и Херцеговина ова лето. Ова значи многу за мене и моето семејство. Едвај чекам да бидам таму со другите момци и да се фатам за работа“, рече Гарза.

На 2 јули, „Змејовите“ ја чекаат Турција во Зеница, додека четири дена подоцна ќе играат против репрезентацијата на Србија на гости, во квалификациите за пласман на Мундобаскет.

Се вчитува...