Бостон добива засилување во битката за конференциската титула

Финалето во Источната конференција на НБА лигата помеѓу Бостон Селтикс и Индијана Пејсерс започна со супердраматичен натпревар во кој „зелените“ прво со неверојатен шут за три поени изборија продолжение, а потоа и го одбранија домашниот терен во дополнителните пет минути.

Бостон и на овој натпревар не можеше да смета на услугите на центарот Криштапс Порзингис кој заработи повреда на листот уште во првата рунда од плеј-офот против Мајами, но добри вести за Селтикс е тоа што неговата рехабилитација се одвива во посакуваното темпо.

Поради тоа тој се очекува да се врати на теренот уште во конференциското финале, потточно во четвртиот натпревар. Пред повредата Летонецот бележеше просек од 20.1 поен и 7.2 скокови со што е јасно дека еден од најтрофејните тимови во НБА ќе добие големо засилување.

Се вчитува...