Бостон селтикс е на само еден чекор до титулата во НБА-лигата откако „зелените“ славеа на третиот меч во низа од финалната серија со Далас маверикс, овојпат на гостински терен со резултат 99-106.
Кошаркарите на Бостон делуваа доминантно во голем дел од мечот, па така во последната четвртина влегоа со огромна предност од 70-91. Далас тогаш влезе во фуриозна серија од 22-2 и целосно се врати во натпреварот. Сепак, клучен фактор беше шестата лична грешка на Лука Дончиќ на четири и пол минути до крајот, по што домаќините без својот најдобар играч потклекнаа во финишот и го загубија и третиот меч во серијата со Бостон.
Тејтум беше прво име кај Бостон со 31 поен, а одличен беше и Џејлен Браун со 30 поени и осум асистенции. Кајри Ирвинг одигра извонреден меч за Далас со 35 поени, додека Дончиќ стигна до 27поени, но со слаби 1/7 шут за тројка и дури 16 промашени обиди од игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА