Бостон го посрамоти Милвоки и со брејк тргна во полуфиналната серија

Бостон направи подвиг на полуфиналната серија со Милвоки триумфрајќи на теренот на најдобриот тим во лигата по регуларниот дел со 112-90 во натпреварот број еден од полуфиналето во Источната конференција. Овој брејк може да биде многу значаен во трката за место во финалето на конференцијата.

Милвоки беше конкурентен во втората четвртина, единствената која ја заврши со позитива, но тоа беше далеку од доволно за победа над мотвираниот Бостон кој имаше девет поени предност веќе по воедниот период.

Клучна за победата на „селтикс“ беше третата четвртина кој ја добија со 15 поени разлика (21-36). Во завршниот сегмент гостите одржуваа предност од околу 20 поени, Милвоки беше далеку од конкурентен за тиумф во овој натпревар.

Кајри Ирвинг со 26 поени и Ал Харфорд 20 со беа креатори на успехот на Бостон. Адетокумбо постигна 22 кај Милвоки кој ќе биде домаќин и на вториот дуел од серијата. Полуфиналето потоа ќе се пресели за третиот и за четвртиот натпревар во Бостон.

Се вчитува...