Бостон го „преслуша“ шампионот – Селтикс поведоа во серијата со Репторс

Кошаркарите на Бостон Селтикс поведоа со 1-0 во полуфиналната серија во Источната конференција во НБА лигата, откако во првиот натпревар го декласираа актуелниот шампион Торонто Репторс со 94-112.

Селтикс одлично го отворија натпреварот добивајќи ја првата четвртина со плус шеснаесет 23-39. Во вториот период доминираа одбраните, а на полувреме се замина со предност на гостите од 41-59. Во вториот дел Бостон рутински го приведе мечот за конечен триум од 94-112.

Џејсон Тејтум и Маркус Смарт со по 21 поен беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај поразените Кајл Лаури мечот го заврши со 17 поени, 6 скока и 8 асистенции.

 

Се вчитува...