Бостон ќе ја повлече „петката“ на Кевин Гарнет

Бостон Селтикс објавија дека ќе го повлечат од употреба дресот со број „5“ кој во кариерата го носеше легендарниот Кевин Гарнет.

Освојувачот на шампионскиот прстен од 2008 година, и членот на „Куќата на славните“ ќе влезе во легендите на Бостон во текот на следната сезона. Гарнет во Селтикс стигна во 2007 година и успеа да ја одведе франшизата до рекордната седуманесетта титула. Во шампионската сезона беше избран за најдобар дефанзивец во лигата и беше во најдобрата петорка во регуларниот дел од сезоната.

Одигра вкупно 396 натпревари за тимот од „ТД гарден“, просечно забележувајќи по 15.7 поени, 8.3 скока и 2.7 асистенции.

Се вчитува...