Бостон најде идеална замена за Кајри Ирвинг

Раководството на Бостон пронајде идеална замена за Кајри Ирвинг кој ова лето заминува од клубот. Бостон за наредната сезона во своите редови го посакува извонредниот плејмејкер Кемба Вокер.

Вокер веќе долго време е член на Шарлот, но откако му заврши договорот на крајот од сезоната сега е меѓу слободните агенти. Од Бостон веќе ги стартуваа преговорите за негов ангажман.

Вокер, според пишувањата на американските медиуми, бара максимално можен договор на што од Бостон се согласни. Па, токму поради тоа се очекува наредниот период и официјализација на трансферот.

Се вчитува...