Бостон со триумф во првиот меч против Индијана го отвори плеј-офот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон со победа на домашен паркет од 84-74 против Индијана го отворија плеј-оф разигрувањето во НБА лигата.

Пресудна за победата на Бостон беше третата четвртина во која домашните се стекнаа со предност од +12 поени која не ја испуштија до крајот на мечот.

Бостон до победата го носеа Кајри Ирвинг и Маркус Морис со по 20 поени, додека Џејсон Татум дополни со 15 поени. Кај Индијана најдобар беше Кори Џозеф со 14 поени, а Бојан Богдановиќ постигна 12 поени.

Следниот натпревар меѓу двата тима се игра за четири дена, исто така во Бостон.

Се вчитува...