Финскиот возач Валтери Ботас е победник на трката за ГН на Русија што се одржа во Сочи. Тоа е прв триумф за Финецот во кариерата, успевајќи да ги мине 52-та круга за време од 1:28.08.743 часа. На второто место се пласира Себастијан Фетел, кој долго време беше во потера по Ботас, но не успеа да го престигне до самиот крај. Трет е Кими Раиконен, а на четвртата позиција заврши Луис Хамилтон. Следуваа Верстапен и Перез.
На трката во Сочи, речиси се се случи на самиот старт. Ботас имаше одличен старт, а потоа самоуверено возеше се до самиот крај. Фетел дојде и на помалку од една секунда заостанување во финишот, но, сепак мораше да се задоволи со второто место.
Наредната трка од шампионатот ќе се одржи на 14 мај, за ГН на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА